Земји во ЕУ со најмногу млади невработени

47

Според Обединетите нации, како млади се дефинираат лица на возраст од 15 до 24 години. Лицата на оваа возраст, кои бараат, но не можат да најдат работа, се сметаат за невработени. Според World Atlas, на глобално ниво, Северна Африка и Блискиот Исток, имаат најголеми стапки на невработени млади лица, но каква е ситуацијата во земјите членки на Европската унија?

Податоците покажуваат дека 33% од младите во Грција, на возраст меѓу 15 и 24 години, бараат, но немаат работа. Со тоа, оваа земја има највисока стапка на млади кои не се вработени.

Меѓу 10-те земји со највисока стапна на невработени млади се и: Шпанија (32,2%), Италија (27,1%), Шведска (19,7%), Хрватска (19,3%), Франција (19,2%), Португалија (17,6%), Финска (17,1%), Кипар (16,6%) и Романија (16,2%).

Чешка (5,1%), Германија (5,7%) и Холандија (6,9%) се трите земји со најниска стапка на невработени лица на возраст меѓу 15 и 24 години.

Фото: Pixabay