Земји во кои живеат најмногу сиромашни

90
Buckets at a washing area

Сиромаштијата е “црн“ тренд овој и минатио век. За жал и покрај целиот напредок, на планетата сè уште постојат луѓе кои се борат за гола егзистенција. Индија, Нигерија, Конго, Етиопија… се “дом“ на најголем број сиромашни луѓе во светот, пишува World Atlas.

Индија земја чија цел беше да извлече што е можно поголем број луѓе надвор од екстремна сиромаштија. Над 270 милиони луѓе во Индија живеат под националната граница на сиромаштија. Околу 60% од жителите на Индија живеат со нешто повеќе од три долари дневно.

Податоците покажуваат дека во 2017 година, најбогатите 10% контролираат 80% од националното богатство, а топ 1% од богаташите во земјата поседуваат околу 58% од богатството на Индија.

Во субсахарска Африка и Јужна Азија живеат околу 85% од сиромашните или 629 милиони лица. Сепак, она што може да се заклучи е дека во овие земји, освен сиромаштијата, расте и наталитетот. Во Африка скоро двојно е зголемен бројот на жителите од 90-тите години на минатиот век до 2015-та, а огромен дел од новородените деца се од семејства во коишто индивидуалците живеат со помалку од 3,2 долари дневно.

Податоците покажуваат дека во 2018 година, околу 72% од луѓето кои живеат во Конго преживуваат со помалку од 1,90 долари дневно. Земјата се соочуваше со воени конфликти кон крајот на минатиот век, потоа се случи епидемијата од Ебола, а денес тоа е ударот од пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Бангладеш е земја во којашто има значително намалување на бројот на сиромашни, па ако нивниот удел во 1991-ва година бил 44,2% од населението, во 2017-та се намалил на 13,8%.

Фото: Freepik