Земји во коишто најдобро се започнува онлајн бизнис

93

Данска е лидер во светот по најдобри услови за започнување онлајн бизнис, покажува анализата на Best Accounting Software, во којашто се опфатени 99 земји и се оценети во 20 категории.

Меѓу критериумите за оценува се земаат вредноста на бруто домашниот производ по глава жител, данок на добивка, број на социјални медиуми, корисници на интернет, простор за работа и слично.

Меѓу 10-те најдобри земји за почнување онлајн бизнис се и: Швајцарија, Холандија, САД, Норвешка, Шведска, Сингапур, Германија, Канада и Луксембург.

На дното на листата, пак, се најдоа: Хаити, Венецуела, Уганда, Ангола, Замбија, Пакистан, Камбоџа, Непал, Бангладеш и Таџикистан.

Од земјите од Западен Балкан, што се опфатени во анализата, најдобро позиционирана е Словенија и се наоѓа на 22-ро место, а по нејзе следат: Хрватска (36), Србија (46), Албанија (54) и Босна и Херцеговина (55), пренесува Al Jazeera Balkans.

Црна Гора, Северна Македонија и Косово не се опфатени во истражувањето.

Фото: Freepik