Земјите од Г20 постигнаа историски договор за државниот долг на сиромашните земји

16

Групата од 20 најразвиени економии во светот за првпат постигнаа договор за заедничка рамка за реструктуирање на државните долгови, пренесува Ројтерс.

Земјите од Г20 проценија дека кризата предизвикана од коронавирусот во некои сиромашни земји ќе го отежне подмрувањето на обврските и затоа им е потребна помош.

Министрите за финансии на Г20 соопштија дека на сиромашните земји им е потребна поголема помош од актуелното привремено замрзнување на долгот, што ќе биде продолжен до 30-ти јуни следната година.

Се очекува големите доверители, како што е Кина, да ги следат заедничките насоки договорени во рамки на Г20, со коишто се утврдува начинот за намалување или репрограмирање на долгот што се смета за неодржлив.

Според извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева го подрави договорот, истакнувајќи дека е усвоена заедничката рамка на Г20 за долгот е “многу важен чекор“ во правец на подобрување на меѓународната структура на долгот.

Фото: Freepik