Згаснати над 6.200 фирми лани во земјава

192
Illustration of open and close sign vector

Според податоците на Централниот регистар, минатата година по сите основи, се избришани 6.214 фирми. Една година подоцна, нивната бројка достигна 7.243, а во официјалната евиденција на регистарот во 2018-та година се згаснати 6.864 фирми.

Во 2020 година основани се 7.077 фирми, додека во 2019 година – 7.810, а во 2018 – 7.378 компании.

“Горди сме и импресионирани од храброста и претприемачкиот дух на македонските бизнисмени, дури и во услови на светска пандемија. Од официјалните податоци може да се види дека и бројот на новоосновани субјекти во изминатата 2020 година е во рамки на просекот од изминатите неколку години“, велат од Централниот регистар.

Фото: Freepik