Зголемен број на превезени патници на двата аеродрома во Македонија

16

Во периодот јануари – февруари 2015 година на двата аеродроми во Република Македонија забележано е зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период минатата година, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Во овие месеци од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот Александар Велики во Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид се превезени вкупно 171.510 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 130.264 патници што претставува зголемување на бројот на превезени патници од 31,7 %.

На аеродромот Александар Велики во Скопје, во јануари и февруари 2015 година се регистрирани вкупно 168.418 превезени патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени  127.696 патници, се забележува зголемување од 31,9 %.  На аеродромот Св.Апостол Павле во Охрид за периодот јануари и февруари 2015 година, се превезени 3.092 патници, што во споредба со истиот период од 2014 година кога биле превезени 2.568 патници, се бележи зголемување од 20,4%.

Согласно, реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – февруари годинава се: Истанбул 15%, Цирих 8,6%, Базел 6,4%, Виена 6,3%, Малме 6%, Лондон со 5,5% и Минхен 4,9%.