Зголемен бројот на градби

18

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август оваа година се издадени 272 одобренија за градење што е за 42,4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.100.584 денари што е за 16,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 197 или 72,4% се наменети за објекти од високоградба, 45 или 16,5% за објекти од нискоградба и 30, односно 11,1% за објекти за реконструкција. Од вкупно 272 објекти, на 189 или 69,5% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 83 објекти т.е. 30,5% инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 51.112 метри квадратни.