Зголемен бројот на издадени одобренија за градење лани во декември

32

Во декември минатата година се издадени 336 одобренија за градење, што е за 10,2% повеќе во однос на истиот период претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.860.616.000 денари, што е за 40% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 216 (64,3%) се наменети за објекти од високоградба, 49 (14,6%) за објекти од нискоградба и 71 (21,1%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 336 објекти, кај 216 (64,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 120 (35,7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови, со вкупна корисна површина од 65.430 метри квадратни.