Зголемен бројот на издадени одобренија за градење лани во ноември

10

Во ноември минатата година се издадени се 363 одобренија за градење, што е за 14,2% повеќе во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.030.217.000 денари, што е за 0,8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 219 (60,3%) се наменети за објекти од високоградба, 54 (14,9%) за објекти од нискоградба и 90 (24,8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 363 објекти, на 239 (65,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 124 (34,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 985 станови со вкупна корисна површина од 86 342 метри квадратни.