Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во август

16

Во текот на август оваа година се издадени 249 одобренија за градење, што е за 20,9% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.586.409.000 денари што е за 28,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 151 (60,6%) се наменети за објекти од високоградба, 32 (12,9%) за објекти од нискоградба и 66 (26,5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 249 објекти, на 158 (63,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 91 (36,5%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 276 станови со вкупна корисна површина од 27.426 метри квадратни.