Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во јануари

41

Во јануари оваа година се издадени 263 одобренија за градење, што е за 11,4% повеќе во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.108.575.000 денари што е за 97% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 155 (58,9%) се наменети за објекти од високоградба, 42 (16%) за објекти од нискоградба и 66 (25,1%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 263 објекти, на 151 (57,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 112 (42,6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 319 станови со вкупна корисна површина од 26.165 метри квадратни.