Фото: Pixabay
Во март оваа година се издадени 277 одобренија за градење, што е за 56,5% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.074.693.000 денари, што е за 32,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 106 (38,3%) се наменети за објекти од високоградба, 35 (12,6%) за објекти од нискоградба и 136 (49,1%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 277 објекти, на 125 (45,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 152 (54,9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 276 станови, со вкупна корисна површина од 28.520 метри квадратни.