Зголемен бројот на паркиралишта и гаражи во 2014

22

Бројот на паркиралишта и гаражи во текот на 2014 година, во однос на истиот период претходната година, бележи зголемување од 20,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во истиот период, бројот на местата за паркирање е зголемен за 30,8%, во покриените гаражи зголемувањето изнесува 33,9%, додека во катните гаражи, бројот на местата за паркирање е зголемен за 4,5%.

Бројот на паркиралишта и гаражи, како и објекти за паркирање во 2014 година, изнесува 235 со површина од 640.293 метри квадратни.

Според обработените податоци, 18.809 места за паркирање се на отворен простор, 3.404 места за паркирање
има во покриените гаражи, додека во катните гаражи има 3.593 места за паркирање.

Бројот на местата за паркирање на отворен простор на лицата со посебни потреби во 2014 година, изнесува
384, во покриените гаражи 73, додека бројот на местата за паркирање во катните гаражи изнесува 33.

Со ова истражување се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта во Република Македонија и
паркиралиштата на општините.