Зголемен бројот на патници на аеродромите во март

18

aerodrom-aleksandarВо текот на изминатиот месец е регистриран најголем пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија од почетокот на годинава.

На двата аеродрома скопскиот и охридскиот, заедно се регистрирани вкупно 71.598 патници, што претставува пораст на бројот на патници за 24,3% во однос на истиот месец минатата година.

На аеродромот Александар Велики во Скопје, во текот на март 2013 година, биле превезени 68.434 патници, што претставува пораст од 21,9% во однос на бројот на патници во 2012 година.

Забележан е пораст на бројот на патници минатиот месец и на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, каде биле превезени 3.164 патници, што е зголемување за 120% во однос на истиот период претходната година кога имало 1.148 патници.

По модернизацирањето на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, се забележува постојан раст на бројот на патници и летови, како и бројот на компании кои оперираат на нови дестинации.