Зголемен бројот на патници на аеродромите, најголем дел од нив патувале за Истанбул

13

Бројот на патници на двата аеродрома во земјава во октомври е зголемен за 19,8%, покажуваат податоците на Министерството за транспорт и врски.

Од вкупиот број на патници – 109.811, на скопскиот аеродром се регистрирани 107.668 патници, што е за 21,1% повеќе во однос на истиот период лани.

Најголем дел од нив – 15,8% патувале за Истанбул, потоа 8,4% за Виена, 7,9% за Цирих, 5,7% за Лондон, 5,7% за Базел, 5,6% за Малме и за Белград 5,2%.

Од почетокот на годината на двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, се регистрирани вкупно 1.098.636 патници, што е за 18,1% повеќе во однос на минатата година.