Зголемен бројот на превезени патници со автобуси во третото тримесечје

18

Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз, во третото тримесечје во однос на истиот период лани, е зголемен за 2,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 5,7%, во приградскиот превоз за 6,5%, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 26,5%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 12,1%.

Во однос на второто тримесечје од 2019 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 13,4%.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 14,7%, во приградскиот превоз за 13,3%, во меѓуградскиот превоз за 9,1%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 28,7%.

Во третото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е намален за 5,9%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 4,9%, во приградскиот за 8,1%, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 25,2%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 1,7%.

Во однос на второто тримесечје од 2019 година, вкупниот број на патничките километри е зголемен за 0,3%.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 14,2%, во приградскиот превоз за 13,2%, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 4,9%, а во меѓународниот зголемувањето изнесува 22%.

Фото: Pixabay