Бројот на работници во индустријата, во март оваа година во однос на истиот период лани, бележи пораст од 7,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во индустријата во периодот од јануари до март оваа година, во однос на
истиот период лани, бележи пораст од 6,9%.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март оваа година, во однос истиот период лани, бележи опаѓање од 1,3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,5%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март оваа година, во однос
на истиот период лани, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,9%, Капитални
производи за 86,9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,7% и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 3,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,8%.