Зголемен бројот на работници во индустријата во јуни

12

Бројот на работници во индустријата во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи опаѓање од 6,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,2%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,3%, Капитални производи за 19,2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,1%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2015 година, во однос на периодот јануари – јуни 2014 година, е зголемен за 2%.