Зголемен бројот на работници во индустријата во мај

18

Бројот на работници во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи зголемување од 1,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2015 година, во однос на мај 2014
година, бележи опаѓање од 7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.2%, Капитални производи за 17,7% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8%.