Зголемен бројот на работници во индустријата во март

14

Бројот на работници во индустријата во март оваа година бележи раст од 0,9% во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2015 година, во однос на март 2014 година, бележи опаѓање од 4,3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1.,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.,%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2015 година, во однос на март 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,5%, Капитални производи за 15,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2015 година, во однос на периодот јануари – март 2014 година, бележи пораст од 2,2%.