Зголемен бројот на работници во индустријата во ноември

11

Бројот на работници во индустријата во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 2,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи опаѓање од 2,1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,5% и Капитални производи за 17,2% , додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,2%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6% и Енергија за 2,6%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2015 година, во однос на периодот јануари – ноември 2014 година, е зголемен за 1,8%.