Зголемен бројот на работници во индустријата за 2,5%

11

Бројот на работници во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 2,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2015 година, во однос на
периодот јануари – февруари 2014 година, бележи пораст од 2,8%.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2015 година, во однос на
февруари 2014 година, бележи опаѓање од 4,1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од
3,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,2%, Капитални производи за 22,5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7%.