Зголемен бројот на туристи и ноќевања во јануари

31

Бројот на туристите во јануари 2015 година изнесува 32.806, а бројот на ноќевањата изнесува 65.472. Бројот на туристите во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, е зголемен за 6,4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, е намален за 1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12,9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, е намален за 11,3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,9%.

Бројот на туристите во јануари 2015 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1,2% и тоа: кај
домашните туристи има зголемување за 15,2%, а кај странските има намалување за 7,5%.

Бројот на ноќевањата во јануари 2015 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1,2% и тоа: кај
домашните туристи има зголемување за 9,3%, а кај странските има намалување за 4,8%.