Зголемен бројот на туристи и ноќевања во ноември

12

Бројот на туристи во ноември минатата година изнесува 36.475, а бројот на ноќевања 81.307, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 6,9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2,9%. Бројот на домашните туристи во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 7,5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 6,6%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е
намален за 0,2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,5%.

Во периодот јануари-ноември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 5,3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,2%, а кај странските има
зголемување за 6,8%.

Во периодот јануари – ноември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 2,1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0,2%, а кај странските има
зголемување за 5,4%.