Зголемен бројот на туристи во декември лани

15

Фото: Pixabay

Бројот на туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 9,6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристи во декември 2018 година изнесува 56.556, а бројот на ноќевањата изнесува 113.921.

Бројот на домашни туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 9,5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 9,7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 5,3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,1%.

Во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12,8%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13,9%, а кај странските има зголемување за 12,2%.

Во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14,5%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13,8%, а кај странските има зголемување за 15,2%.