Зголемен бројот на туристи во февруари

18

Бројот на туристите во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 8,3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во февруари 2020 година изнесува 47.288, а бројот на ноќевањата изнесува 94.883.

Бројот на домашните туристи во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, е зголемен за 6,2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 9,5%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, е зголемен за 0,9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,2%.

Во периодот јануари – февруари 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,4%, а кај странските има зголемување за 15,3%.

Во периодот јануари – февруари 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,2%, а кај странските има зголемување за 8,4%.

Фото: Pixabay