Зголемен бројот на туристи во јануари

25

Бројот на туристите во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 12,7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристи во јануари оваа година изнесува 55.266, а бројот на ноќевањата изнесува 109.733.

Бројот на домашните туристи во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, е зголемен за 1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 20,6%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, е зголемен за 1,5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11,4%.

Фото: Pexels