Зголемен бројот на туристи во октомври

9

Фото: Pexels

Бројот на туристите во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, е зголемен за 7,1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во октомври 2018 година изнесува 83.303, а бројот на ноќевањата изнесува 182.557.

Бројот на домашните туристи во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, е зголемен за 13,7%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4,4%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, е зголемен за 11,9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9,1%.

Во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13,1%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14,1%, а кај странските има зголемување за 12,5%.

Во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14,9%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14,2%, а кај странските има зголемување за 15,8%.