Зголемен бројот на туристи во септември

13

Бројот на туристи во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 20%, додека бројот ноќевањае поголем за 17,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во септември 2015 година изнесува 79.218, а бројот на ноќевањата изнесува 184.262.

Бројот на домашните туристи во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 11,5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 22,9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 3,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 24,3%.

Во периодот јануари – септември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,6%, а кај странските има зголемување за 15,4%.

Во периодот јануари – септември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9,1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,2%, а кај странските има зголемување за 13,4%.