Зголемен бројот на туристите во јуни

17

turisti-banskoliev-(1)Бројот на туристите во јуни 2013 година изнесувал 67.822, што значи дека во однос на јуни 2012 година е зголемен за 7,3%, велат податоците на Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека бројот на ноќевањата во јуни годинава изнесува 168.412, односно е зголемен за 3,1% во однос на истиот период претходната година.

Бројот на домашните туристи во јуни 2013, во однос на јуни 2012 година, е намален за 7,8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 16,1%.

Намалување е забележано и кај бројот на ноќевањата на домашните туристи за 9,4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12,5%.

Во периодот јануари-јуни 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6,1%. Кај домашните туристи има намалување за 2,6%, а кај странските зголемување за 11,7%.

Во периодот јануари-јуни 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,3% и тоа кај домашните туристи има намалување за 1,2%, а кај странските зголемување за 10,5%.