Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0,8 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1,6 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработени во наредните три месеци.
Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2015 година. Оценката за финансиската состојба и оценката за тековната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти се поповолни во споредба со претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во првото тримесечје од 2016 година се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 22%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 19,4%, недостиг на обучен кадар со 12,9% и зголемени трошоци за труд со 12,5%.