Зголемен индикаторот на доверба во градежништвото во второто тримесечје

61

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во второто тримесечје од 2019 година е повисок за 0,2 процентни поени во однос на првото тримесечје од 2019 година, а e повисок за 0,7 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2018 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје. Очекувањата за бројот на вработени се дека тој ќе се зголеми.

Оценката за економската состојба во второто тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна  и во однос на второто тримесечје од 2018 година.

Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е поповолна во однос на претходното тримесечје, а оценката за финансиската состојба е понеповолна.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата да се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: нема побарувачка со 18,5%, зголемени трошоци за материјали со 17,9% недостиг на обучен кадар со 15,6% и конкуренција во сопствениот сектор со 12%.