Зголемен индикаторот на доверба во трговијата на мало во првото тримесечје од 2016 година

10

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во првото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.7 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 0.7 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2015 година.
Eкономската состојба на деловните субјекти во првото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2015 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е намалена во однос на претходното тримесечје.
Финансиската состојба во првото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2015 година, а очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените ќе се зголемат.
Продажните цени во првото тримесечје од 2016 година се зголемиле во однос на четвртото тримесечје од 2015 година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се зголемат.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2016 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 21.1%, зголемена конкуренција со 21.0% и зголемената понуда на пазарот со 15.0%.