Зголемен индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје

12

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0,5 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2,1 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година.

Економската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во однос на третото тримесечје од 2015 година. Се очекува дека ќе биде поповолна и во наредните две тримесечја. Количината на залихите е незначително намалена во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во третото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2016 година, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголемат.

Продажните цени во третото тримесечје од 2016 година се намалиле во однос на второто тримесечје од 2016 година, а очекувањата за продажните цени во наредните три месеци се дека ќе се намалат.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2016 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 22,2%, зголемената конкуренција со 19,9% и зголемената понуда на пазарот со 18%.