Зголемен извозот на земјоделски производи

19

izvozzelenchukИзвозот на земјоделски производи во првите пет месеци годинава за разлика од лани бележи зголемување за 7%.

Според податоците на Државниот завод за статистика најмногу се извезувале јаболка и круши и праски, а од зеленчукот најмногу биле извезени краставици и корнишони.

“Досегашната бројка изнесува 180 милиони евра извоз на земјоделски производи заклучно со месец мај. Или по  производи може да се направи споредба, така што ако го земеме на пример извозот на јаболката и крушите, минатата година заклучно со мај беа извезени 6,7 милиони евра јаболка и круши, а оваа година веќе имаме 8,3 милиони евра извоз на јаболка и круши заклучно со мај месец или на пример извозот на краставиците и корнишоните исто така има пораст. Минатата година имавме извоз од 4,7 милиони килограми краставици и корнишони, а оваа година заклучно со мај имаме извоз од 6,3 милиони килограми корнишони и краставици”, вели Зоран Коњановски заменик министер за земјоделие.

Македонското земјоделство лани оствари рекорден извоз, од 242 милиони евра колку што изнесуваше пред пет години извозот минатата година дојде до рекордната околу половина милијарда евра.