Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи за 7,4%

19

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јули 2014 година изнесува 1.072.337.000 денари што претставува зголемување за 7,4% во споредба со јули 2013 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 8,6%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 6,4%. 

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, додека намалување се забележува кај индустриските, градинарските и фуражните растенија, грозјето и добитокот.