Зголемен прометот во индустријата во декември

13

Прометот во индустријата во декември лани, во однос на истиот период во 2015 година, е зголемен за 6,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2016, во однос на декември 2015 година, бележи пораст од 1,2%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 8,6%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст од 13,9%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,4%.

Според главните индустриски групи, прометот во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,9% и Капитални производи за 16,8%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,1%.

Прометот во индустријата во декември 2016 година, во однос на ноември 2016 година, е намален за 16,9%, додека во периодот јануари-декември 2016 година, во однос на периодот јануари – декември 2015 година, е зголемен за 9,9%.