Зголемен прометот во индустријата во февруари

16

Фото: Pixabay

Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголемен за 14,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,6%, Капитални производи за 24,2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8%.

Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2019 година, во однос на јануари 2019 година, е зголемен за 8,8%, додека во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на периодот јануари – февруари 2018 година, порастот е 10,9%.