Фото: Pixabay
Прометот во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 11,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,1%, Капитални производи за 19%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,5%. Прометот во индустријата, во мај 2019 година, во однос на април 2019 година, е зголемен за 4,5%, додека во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на периодот јануари – мај 2018 година, забележан е пораст од 12,9%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, е намален за 0,2%. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4%, Капитални производи за 4,9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,5%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6%.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2019 година, во однос на април 2019 година, изнесува 100,5, додека во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 101,1.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, е зголемен за 15,5%. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,5%, Капитални производи за 19,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19,2%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,5%. Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2019 година, во однос на април 2019 година, изнесува 105,5, додека во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 116,9.