Фото: Pixabay
Прометот во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 16,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,9%, Капитални производи за 24,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8%.
Прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2018 година, во однос на септември 2018 година, е зголемен за 0,6%, додека во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на периодот јануари – октомври 2017 година, порастот е 12,8%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 7%.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 33,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,3%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 4,6%.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во октомври 2018 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 102,5, додека во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 101,9.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 119. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16,4%, Капитални производи за 25,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,1%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 12,7%.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во октомври 2018 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 100,3, додека во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 115,8.