Зголемен прометот во трговијата на мало во август

16

Зголемен прометот во трговијата на мало во август, во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 11,4%, а реално за 11,8%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 25%, а реално за 24%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 18,6%, а реално за 18,4%).