Во трговијата на мало, во јуни оваа година, во споредба со истиот период лани, е забележано зголемување на прометот во неколку групи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8,1%, а реално за 9,5%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 18,6%, а реално за 16,1%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 13,8%, а реално за 14,3%).