Зголемен прометот во трговијата на мало во јуни

16

Во трговијата на мало, во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е забележано зголемување на прометот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8,8%, а реално за 6,9%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 17,6%, а реално за 12,3%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 13,4%, а реално за 11,7%).