Зголемен прометот во трговијата на мало во мај

15

Во трговијата на мало, во мај 2015 година, во споредба со мај 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 9,4%, а реално за 8,2%).

Зголемување има и во групата Трговија на мало со непрехранбени  продукти, освен гориво (номинално за 9,9%, а реално за 4,8%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 9,7%, а реално за 8,2%).