Зголемена продажба на домашните компании со новите услуги на Златна книга

133

thumbnail_ZK_600x315

Веќе 12 години Златна книга, водечкиот локален информатор во Македонија, обезбедува корисни информации за секојдневните потреби на граѓаните. Бројот на корисници на Златна книга во изминатите години постојано расте. Веб страницата www.zk.mk има 160.000 уникатни корисници секој месец, од кои 42% ги користат мобилните апликации.

Секоја година печатени копии на македонската и албанската Златна книга бесплатно се дистрибуираат со Дневник, Вест, Утрински весник и Коха и салоните на Телеком до домаќинства, компании и институции.

Потенцијалот на Златна книга како медиум за промоција на бизнисот и производите кон оваа голема група на потенцијални потрошувачи го препознаваат и домашните компании. Над 1.500 фирми од различни дејности користат некој од начините на промоција – од огласи во печатените изданија до детални презентации на веб страната и апликациите. Успехот на овие услуги го потврдува и фактот што најголем дел од клиентите на Златна книга се долгорочни, а соработката се обновува секоја година. Во одредени случаи соработката трае уште од првото издание, пред цели 12 години.

thumbnail_Zlatna_Kniga_16_17

“Развојот на Златна книга пред сѐ го темелиме на континуирани иновации и усовршување”, вели Владимир Вецовски, генерален директор и еден од основачите на R3 Infomedia, сопственик на брендот. “Воведуваме нови, технолошки напредни верзии на Златна книга, но истовремено ги унапредуваме и постоечките. Нашата цел е да обезбедиме што поголема вредност истовремено и за нашите бизнис клиенти и за корисниците”.

Во моментов актуелни се продажните промоции на вкупно 144 различни фирми преку новото годишно издание на Златна книга. Преку користење на бесплатни купони од печатеното издание или од веб страната, на корисниците им се обезбедени попусти на различни производи и услуги до 45% од вообичаените цени.

“Купоните за попусти овозможуваат значаен ценовен бенефит за нашите корисници, но и зголемена продажба и нови купувачи за нашите клиенти. Интересот за новата услуга на Златна книга е голем и на двете страни. Според првичните искуства на клиентите, во изминатите две недели откога се објавени купоните веќе секојдневно ги користат стотици потрошувачи. Во одредени случаи фирмите дневно добиваат повеќе купони, односно нови продажби и купувачи, што е значаен број имајќи предвид дека оваа услуга е првенствено наменета за помалите бизниси”.

Од R3 Infomedia најавуваат продолжување и усовршување на промоциите за унапредување на продажбата и во следниот период. Покрај нивниот зголемен обем и фрекфентност, се планира и поблиско поврзување на Златна книга со останатите услуги на компанијата во домен на телемаркетинг, директен маркетинг и онлајн продажба. Со тоа домашните фирми паралелно со промоција на бизнисот сѐ повеќе ќе можат да ја употребуваат Златна книга и како канал за продажба на производите и услугите.