Зголемена вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуални земјоделци

19

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 9,9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 11,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во април 2014 година изнесува 765.011.000 денари, што претставува зголемување за 10,5% во споредба со април 2013 година.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај: индустриските, градинарските растенија, добитокот и млекото, додека намалување се забележува кај: житата, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млечните производи и рибата.