Зголемената камата ќе спречи “прегревање“ на американската економија

22

Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен признала дека можеби е потребно извесно зголемување на каматата на централната банка за да се држи под контрола експлозивниот раст на американската економија, којшто делумно е предизвикан од милијардите долари државни расходи за поддршка на земјата.

“Можеби каматните стапки ќе мора малку да се зголемат за да не се дозволи нашата економија да ‘прегрее’“, рекла Јелен.

Иако оценила дека дополнителната државна потрошувачка е релативно пониска во однос на големината на американската економија, додала дека сепак “може да биде причина за многу скромно зголемување на каматните стапки“.

Фото: Freepik