Зголемени цените на угостителските услуги во декември

15

Цените на угостителските услуги во декември оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1%, Алкохолни пијалаци за 0,1% и Безалкохолни пијалаци за 0,4%. Цените на угостителските услуги во декември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,8%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, се намалени за 0,6%, додека во однос на декември 2013 година се зголемени за 0,5%.