Зголемени цените на угостителските услуги во февруари

37

Цените на угостителските услуги во февруари оваа година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,4%, Алкохолни пијалаци за 0,7% и Безалкохолни пијалаци за 0,3%, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 0,4%.

Цените на угостителските услуги во февруари 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,1%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари − февруари 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, останаа на исто ниво, додека во однос на декември 2019 година се зголемени за 0,1%.

Фото: Pexels