Зголемени цените на угостителските услуги во јуни

53

Фото: Pixabay

Цените на угостителските услуги во јуни, во споредба со мај оваа година, се зголемени за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3% и Ноќевања за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во јуни 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 1,5%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 1,8%, додека во однос на декември 2018 година остана на исто ниво.